На самиот крај од проектот „Кугламе и сме среќни“ кој во Битола траеше 4 месеци, предновогодишно свечено го прославивме со ревијален натпревар каде што имавме гости, познати лица, лица кои дадоа поддршка на оваа наша активност, новинари, спонзори и истите денес заедно куглаа со нашите млади куглари во 8 тимови.
На самиот почеток присутните имаа прилика да го гледаат краткото видео кое беше сублимат на активностите на проектот „Кугламе и сме среќни“. Истото може да го погледнете:
Гости ни беа: Димитар Андоновски (естрада), Никола Чобановски (Аеро кафе), Радојка Димитrijeska (SN финансии), Горан Упале (gol.mk), Наташа Петровска (Градоначлник на Битола), Нико Берберу (Витаминка), Марјан Ѓорѓиевски (актер и стендап комичар), Славчо Ристески (РС Боби), Весна Божиловиќ (tvb.mk), Сашо Ристевски (bitolanews.mk)
Иако ревијално, најдобар резултат постигна тимот каде што беше Градоначалничката, а истата со одлично прикажаната игра, што беше и пријатно изненадување за бројната публика, видно придонесе на својата екипа за победата.
По завршувањето на 8-те тимови се сечеше торта и мал коктел за присутните, а сите куглари добија поклон ранче со прикладни поклони во него, донација од нашиот стручен консултант Јован Керечеки од Суботица, Р.Србија.
Ова беше уште еден од низата на незаборавни моменти во битолската куглана и согледувајќи ја оваа енергија, решивме како организатори да го продолжиме уште еден месец овој проект, се со цел нашите одбрани куглари да продолжат да куглаат и да го живеат мотото „Кугламе и сме среќни“.