Разлики помеѓу кугларските дисциплини bowling/classic

На светско ниво до 30-тите години на минатиот век постоело само класичното куглање 9-pin.

После овој период со посебен акцент после втората светска војна во Америка се развива нова дисциплина 10-pin, која веќе драстично се разликува од класичната и истата станува популарна на повеќе континенти, додека класичната останала да се игра генерално во Европа (Германија како лидер). Ние го промовираме класичното куглање!!!

Има повеќе разлики но најзначајни се:
1. Во класичното куглање има 9 чуњеви, во bowling има 10.
2. Распоредот на кеглите во класичното куглање е ромб, додека во B е тријаголник.
3. Куглите во класичното куглање се помали и се полни, додека во B се поголеми и имаат 3 дупки за прстите.
4. Кеглите (чуњевите) се со различна форма во двете дисциплини иако наликуваат едни со други, а системот на редење на кеглите е во целост разлиен.
5. Начинот на игра и броење на соборените кегли е сосема различен. Во B максималниот број на поени е 300, додека во класичното куглање реално нема максимална бројка или теоретски тоа би можело да биде 1080.
6. Семафорите, патеките, стандардите во димензии, материјалите се различни.
7. Стилот и техниките на исфрлување на куглата во двете дисциплини се сосема различни
8. Постојат две засебни светски федерации на светско ниво

Во Р.Македонија има куглани и од класичен тип и bowling.



Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор