Како да аплицирам?



Куглањето е спорт кој е исклучително интересен и забавен. Во исто време спорт кој бара многу концентрација и добра физичка подготвеност.

Не може одеднаш да се кугла добро, бара време, трпение и тренинзи како впрочем и за сé. Имаме квалитетни и трпеливи тренери, луѓе кои ќе ти ја пренесат својата љубов кон овој спорт.

Што е потребно за да се аплицира?

  1. Да бидеш ученик во 9-то одделение во едно од основните училишта во Општините Битола, Могила или Новаци.
  2. Да се чувствуваш здраво
  3. Да сакаш нова авантура во својот живот
  4. Да одвоиш дел од твоето слободно време после училишните обврски
  5. Да добиеш повеќе информации од твојот наставник по физичко или директно во кугланата во Битола
  6. Да ја пополнеш апликацијата


Тренинзите и сите други активности се БЕСПЛАТНИ ЗА ТЕБЕ, не ја пропуштај шансата!

СЕКОЈ ЌЕ ДОБИЕ ШАНСА ДА КУГЛА, А СЕЛЕКЦИЈА НА ПОДОБРИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ ИМА ВО ТЕКОТ НА ПРВИТЕ 6 НЕДЕЛИ

Твое е да бидеш редовен, да ги слушаш советите на тренерите и цврсто да се држиш до нашето мото кое гласи: „КУГЛАМЕ И СМЕ СРЕЌНИ“ :)


Рокот за пријавување: 03 септември - 16 септември

Пополни ја соодветно апликацијата соодветно и очекувај да бидеш повикан/а

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор