План за работа


„Кугламе и сме среќни“ е проект koj ќе трае од 10-ти септември до крајот на календарската 2018 година. Шанса ќе добијат вкупно 400 ученици, а после првиот филтер ќе останат 300.


Вториот филтер на кандидатите ќе биде после еден месец од самиот почеток на проектот, а тренерите ќе ги селектираат најдобрите 200 ученици.

Третиот филтер на кандидати ќе биде после 6-тата недела каде ќе бидат селектирани 100 ученици кои ќе покажат најголем напредок, интерес, афинитет и талент кон куглањето.

Термини за учениците во овој проект ќе бидат:

Понеделник - (15.00 - 20.00 часот)
Вторник - (15.00 - 19.00 часот)
Среда - (15.00 - 21.00 часот)
Четврток - (15.00 - 19.00 часот)
Петок - (15.00 - 21.00 часот)
Сабота - слободен ден
Недела (09.00-13.00 часот)

Лицата кои ќе бидат задолжени за организирање на термините, ќе се водат според смените на ученците (претпладне и попладне) и истите термини ќе бидат прилагодувани во интерес на учениците. Турнирите и дополнителни часови ќе бидат закажувани во викендот (сабота или недела) согласно активностите на кугларскиот клуб Хераклеа.

Времетраењето на тренинзите ќе биде прилагодено на нивното неискуство со овој спорт. Неделно секој учесник ќе има 2 тренинга а должината на тренингот перманентно ќе се зголемува како одминува времето и нивното прилагодување кон спортот.

Секој учесник уште на првиот час ќе добие изјава која ќе треба да биде потпишана од страна на родителот со која се согласува неговото дете да учествува во овој проект. Во истата изјава е наведено дека пожелно е секој да направи спортски преглед во интерес на детето.

Секој учесник е должен да се придржува до правилата кои ќе бидат договорени од самиот старт (дисциплина околу термини, дисциплина и концентрација околу тренинг, чиста спортска опрема која нема да ги оштети кугларските патеки).

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор