Димитар Димитровски



Димитар Димитровски без сомнение е еден од најдобрите куглари во Р.Македонија на сите времиња. Репрезентативец кој ги поминал сите возрасни категории, човек кој во својата витрина има еден куп медали, пехри, признанија од кугларскиот спорт. 

Значајно место во неговата кугларска кариера е к.к. Макпетрол со кој освоил многу трофеи вклучувајќи и медали на големите екипни натпреварувања, а од 2014 заедно со својот брат Дарко, одлучува да го формира кугларскиот клуб „Вардар 2014“ кој бележи значајни резултати.
Димитар, од 2017/18 кугла во Хрватска, првата сезона во к.к.„Медвешчак“ - Загреб, за веќе 2018/19 потпише договор со еден од најсилните клубови во Хрватска  КК Метројак, Сплит, шампион на Хрватска за 2016/17 година.

Се работи за куглар кој несебично ги споделува своите искуства и е спремен да помогне на секој помлад куглар. Токму неговото искуство и совети ќе бидат добредојдени за нашата работа во Битола.

Димитар ќе биде еден од гостите на кугларскиот семинар во Битола.

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор