Маријана Орос, родена и живее во Нови Сад, е репрезентативец на Србија во сениорска категорија. Потекнува од кугларска фамилија (нејзината мајка била кугларка), а првите почетоци со куглањето се во 2003. Од 2005 година па се до денес е лојална на својот кугларски клуб „Раднички“ од Нови Сад и веќе 13 години не ја има променето клупската средина.
Настапувала за својата репрезентација на СП во Детенхајм, Германија во 2017 година каде што екипно се пласирале на 5 место губејќи во 1/4 финале од Германија.
Поединечно, на СП во Клуж, Романија во 2018 годин
а, во тандем микс заедно со Радован Влаков изгубиле во 1/4 финале губејќи од првакот на тоа натпреварување.
Екипно со својот клуб во Србија се на 3-то место во Супер лигата, а во дисциплината тандем микс заедно со Дијана Кормањош се актуелни државни прваци за 2018 година.
Има повеќе од 10 вредни државни остварувања на домашните натпреварувања.