Репрезентативци од Битола

Во досегашната кугларска историја на Битола, само неколку куглари успеале да стигнат до националниот дрес во една од трите возрасн категории (кадети до 18, јуниори до 23, и сениори)



Цане Поповски е првиот куглар кој во јуниорска категорија успеал да стигне до националниот дрес во тогашна СФРЈ заедно со една кугларска легенда Коста Манев.



Александар Соколовски, е репрезентативецот кој постигнал најмногу резултати, својата светска форма ја одржува со години и важи за топ 50 куглари во Европа. Репрезентативец кој донел за Македонија неколку медали на индивидуално ниво, спринт, парови, тандем, како и сребро со сениорската селекција на Р.Македонија на СП во Унгарија 2013.




Адријана Кочишка, била и кадетски и јуниорски државен првак, но воедно е девојката која го поседува најдобриот женски резултат во Македонија во сите возрасни категории (606). Медали има освоено во спринт и тандем на СП, репрезентивка во кадетска, јуниорска и сениорска категорија.





Катерина Јолевска, кадетски и јуниорски државен првак, кадетски и јуниорски репрезентативец без позначајни репрезентативни успеси на меѓународен план.




Христијан Трифуновски, кадетски репрезентативец кој кратко настапи за македонската репрезентација.


Никола Андоновски, јуниорски државен првак, кој не успеа да го облече репрезентативниот дрес поради финансиските проблеми на КФМ и неможноста да ја испрати јуниорската репрезентација на едно големо ЕП или СП.



Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор