Александар Соколовски



Александар Соколовски несомнено е најдобриот куглар на сите времиња кој излегол од Битола. Неговите почетоци се од мали нозе, куглајќи со многу потешки кугли за неговата возраст. 

Човек кој зрачи со стабилност и ментална сила, дифовец, кој од своите први почетоци и првиот негов излез на меѓународна сцена успеа да донеси сребрен медал за својата земја во дисциплината спринт на едно големо светско првенство.

Зад него стојат бројни медали во различни возрасни категории, бил неколку пати државен првак, а својот кугларски зенит го постигнува во екипата на Макпетрол (кога заминува на студии во Скопје) и до ден денес е во истиот клуб и важи за еден од главните столбови на дводеценискиот шампион на Македонија.

Соколовски е репрезентативец на Македонија најпрво во кадетската, па јуниорската, за сега да е во сениорската екипа и е член од историскиот успех на нашата сениорска репрезентација кога Р.Македонија беше вицешампион на СП во Унгарија, во екипна конкуренција. 

Неговиот придонес кон битолското куглање ќе биде од особено значење за иднината на овој спорт во нашиот град.

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор