Игор Михајловски


Игор Михајловски


Роден 1980, во куглањето од 2003 година, како официјален судија на натпревари од МКЛ.
Основач на кугларскиот клуб „Молика“ (клуб составен од млади куглари - почетници), тренер и куглар. Своите тренерски вештини ги стекнувал низ годините, консултирајќи стручна литратура, разменувања искуства од поискусните тренери од Скопје (Тодор Манев, Менсур Ајдин) со поминати тренерски обуки во организација на КФМ и тренерски камп Врбас (Србија) - 2007.

Успеси како тренер:
к.к. Молика - Финале на КУП-2009, второ место
к.к. Хераклеа - Финале на КУП-2014 и 2018, второ место
Катерина Јолевска (Молика), државен првак во кадети и јуниори (2006-2011) и репрезентативка во континуитет
Адријана Кочишка (Молика) државни првак во кадети и јуниори (2006-2013) и репрезентативка во континуитет
Христијан Трифуновски (Молика), бронзен на кадетско првенсто 2007, кадетски репрезентативец 2007

Меѓународни Купови 
NBC Апатин, Србија – 2009, Молика 
NBC Сплит, Хрватска – 2010, Молика
НБЦ Штраубинг, Германија - 2016, Хераклеа
НБЦ Минхен. Германија - 2017, Хераклеа
НБЦ Апатин, Србија - 2018, Хераклеа

Репрезентативен настап:
Тренер на кадетска репрезентација на Македонија на  Светско првенство во Германија – Детенхајм, 2009 година. Репрезентацијата во состав: Адријана Кочишка, Катерина Јолевска, Стојче Попоски и Александар Манев, водена во соработка со Секретарот на КФМ – Ристо Петров. На ова светско првенство беше постигнат најдобриот доттогаш вкупен македонски женски резултат (Адријана Кочишка) на сите времиња (591 и 587)  и во сите конкуренции вклучувајќи ја и сениорската конкуренција. Во финалето, Кочишка како седмопласирана од вкупно 16 кугларки, направи 553, и со останатите вкупно 1178 дрва, се пласира на 13-тото место од вкупно 87 кугларки.

Меѓународни пријателски натпревари
Крагуевац, 2014, Хераклеа третопласирана на турнир
Скопје 2018 Хераклеа со к.к. Цар Лазар и к.к. ГТЦ
Крушевац 2018, Хераклеа третопласирана на турнир

Членство во кугларски тела
Член на ИО на КФМ 2009 и 2010, со доставена оставка поради негрижа на КФМ за куглањето во Битла
Претседател на к.к. Молика (2006-2010)
Член на УО на к.к. Хераклеа (2014-)

Личен кугласки рекорд - 606, НБЦ Минхен 2017

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор