Адријана Ангеловски (Кочишка)


Адријана е од Битола и е една од најталентираните девојки, репрезентативка, кои биле во куглањето во нашата земја. Добитник на две бронзени медали од Светски првенства, како и бројни титули на државен првак во различни возрасни категории.

Интересно за неа е да се напомене дека е произлезена од сличен ваков проект во 2005/06 година, наменет за апсолутни почетници, каде што беше забележана и поканета да биде член на тогашниот младински клуб Молика. Брзиот прогрес во куглањето Адријана го докажа во својата екипа кога играше рамо до рамо со машките и благодарение на нејзиниот одличен резултат во квалификациите за државниот КУП, Молика излезе за прв пат како битолска екипа на меѓународна сцена. 

Студиите во Скопје беа пресудни да ја продолжи својата карера во женскиот клуб „Работнички“ со бројни настапи за кадетската, јуниорската и сениорската репрезентацијата. Адријана го поседува најдобриот женски резултат во Македонија.

Иако моментално живее во Ресен, Адријана вети дека ќе биде често во кугланата во Битола, а нејзиното искуството итоа како ќе придонесе во работата со девојките во овој проект.

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор