Колку тежи куглата?


Во дисциплината 9 чуњеви -classic, куглите немаат дупки т.е. се полни. Има различни производители на кугли, но постои светски стандард и одредени технички карактеристики кои треба секоја кугла да ја има доколку со неа се играат официјални домашни или меѓународни натпреварувања.
Најбитно е куглата да ја има потребната цврстина, да биде направена од соодветен материјал, да ја има предвидената големина и да биде тешка според пропозициите.

Светската кугларска федерација не го ограничува дизајнот на куглите, што во последните 20 години со развојот на технологијата излегоа илјадници дизајнирани кугли кои се интересни посебно за најмладите категории, така што првите контакти со куглањето можат да започнат уште од 6 години. 

Постојат кугли за деца до 14 години и кугли за возрасни


Детски кугли

Најмалите кугли кои воопшто се произведуваат се со дијаметар од 120 милиметри и имаат тежина од 1.2 килограграми. Се произведуваат и кугли со поголем дијаметар од 130мм (1.5 кг), од 140 мм (1.9 кг), 150мм (2.35 кг) во зависност од возраста на децата. 

Кугли за возрасни (14+)

Стандардот на овие кугли е да бидат со обем од 160мм и да имаат тежина 2.85 кг.

Постојат и поголеми кугли кои се за рекреативно куглање со кои се постигнува поголем учинок на паднати чуњеви, па така во кугларската индустрија постојат и кугли со пречник од 170мм (3.4 кг) и 180мм (4.1 кг)


 


 



За разлика од дисциплината 9 чуњеви-classic каде што куглите се полни, во другата дисциплина 10 чуњеви (bowling) куглите имаат дупки. Исто и во оваа дисциплина постојат различни кугли за различни возрасти а тежината на куглите се движи во интервал од 2,72 кг -7,26 кг. Оваа дисциплина сеуште не е развиена доволно во Македонија, а вакви куглани има само во Скопје (Сити Мол, Капитол Мол) и Тетово.








Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор