Најтрофеен македонски клуб


Екипата на Макпетрол е формирана во 1977 година и е еден од клубовите основоположници на македонското куглање.

Со своите 18 титули во самостојна Македонија, Макпетрол е најтрофејниот кугларски колектив во Македонија.

Се работи за клуб кој е со огромен буџет во споредба со сите останати кугларски клубови и природно е во него да куглаат најдобрите поединци што и го прави доминантен на македонските простори.

На меѓународно ниво имале значајни успеси (НБЦ, Европа покал), а клубот последните години води политика на немање странци во своите редови и давање можност на домашните млади играчи да ги покажат и развијат своите таленти на меѓународна сцена.

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор