Нова куглана во Битола

Копнежот за нова куглана во Битола трае подолго време. Минималното реновирање во 2000/01 година, го врати куглањето на својата патека и повторно во Битола по децениска пауза започна да се натпреварува кугларскиот клуб „Пелистер“ во македонската кугларска лига.

Сите куглари и кугларски вљубеници, без исклучок, скроро две децении цврсто веруваа и веруваат дека властите ќе најдат решение за целосно нова куглана, која ќе биде поставена од стручни лица и истата ќе добие лиценца за одигрување на меѓународни натпревари.

Тоа беше и јавното ветување на Градското првенство на Битола (4ти ноември, 2017) од страна на Градоначалникот на Битола, која објективно куглањето и проблемот со кугланата и потребата од нова го издигна на видно ниво, никогаш така видливо од 2000-та година.




Ние како куглари интензивно работаме, тренираме и се бориме да доносеме што е можно поголем број на индивидуални, екипни и репрезентативни успеси со надеж дека сите тие активности ќе придонесуваат за остварување на оваа наша единствена желба, а тоа е Битола да добие нова куглана.

Очекуваме, во многу скора иднина, Битола да добие еден респектабилен кугларски објект, кој ќе биде дом на сите куглари и каде што ќе се одигруваат и големи национални дерби и репрезентативни настапи на нашите куглари и кугларки како и меѓународни клупски натпреварувања.

Битола тоа го заслужува!






No comments:

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор