Саботата (08 декември) беше резервирана за турнирот на Битола во спринт до 14 години
По пат на ждреб, стигнавме до 1/16 а потоа со елиминација стигнавме до победникот. За прв пат немаше машка и женска конкуренција туку сите рамноправно настапуваа. Се куглаше на 2х10+5, по истите правила како на меѓународните турнири, но со скратени 5 кугли на чистење.
На тешката куглана во Битола, очекувавме дека машките ќе доминираат, НО, денес беше ден на девојките.
Полека, но сигурно машките беа елиминирани во 1/16, во 1/8, за во 1/4 финале да отпаднат и фаворитите Коста, Архан и Стефан Т. За овие брилијантни повбеди најзаслужни беа Емилија П, Ружица и Данче.
Во 1/2 финалето се сретнаа 4 девојки, горенаведените и Тамара кој пак во 1/4 финалето ја совлада Јована Г, градски првак за 2018.
Во првото полуфинале се сретнаа Ружица против Емилија и Данче против Тамара.
Во самата завршница преовладуваа емоциите, па воопшто не беше лесно да се кугла под притисокот од медалите.
Ружица водеше со 1:0 во сетови, а Емилија иако имаше предност во вториот сет, иако со 14-тата кугла успеа да ја исчисти поставата, неочекувано и покрај одличната игра во текот на целиот натпреварувачки ден, 15-тата кугла во полни ја одигра 0. На Ружица и требаше само 4 за победа. Или 3 за пенал на патека, но не, иако куглата одеше во центар неочекувано скршна од својата патека и имаше само 2. Натпреварот беше решен на пенали (со 3 кугли во полни), а Емилија беше подобра
Во второто полуфинале Данче видно возбудена од успехот играше деконцентрирана и загуби од Тамара со 2:0.
Во финалето Емилија беше блиску но не успеа да и земе сет на Тамара и со 2:0, девојчето кое игра бавна, но исклучително прецизна кугла, беше победник. Браво Тамара!!!