Денес, четврток 25 октомври, беше одржан првиот ден од градското првенство на Битола, за кадети до 14 годишна возраст. Право на настап имаа сите куглари/ки кои учествуваа во проектот „Кугламе и сме среќни“.
Се работеше за прв официјален натпревар на нашите млади куглари и очекувано МНООООГУ ТРЕМА. Едноставно денес воопшто не беше лесно да се кугла поради тоа што секој сакаше да има убав резултат од една страна, а од друга страна требаше да се игра пред своите родители, роднини и пријатели.
Но денес радуваше фактот што нашето мото е прифатено од нашите млади куглари/ки како наша заедничка филозофија и денес сите КУГЛАВМЕ И БЕВМЕ СРЕЌНИ! Резултатите ни беа битни, но, не ни беа пресудни.
Токму денес и официјално за прв пат го дегустиравме нашиот официјален пијалок ЦЕВИТАНА, производ на Витаминка, кој ќе не освежува додека си кугламе до крајот на оваа календарска година.
Судиите на денешното натпреварување (тренерите во проектот) беа на висина на задачата и едукативно ги вовлекоа младите во кугларските правила и протоколи за натпреварување што беше прилично интересно за гледање. Публиката пак, беше прилично мирна, но има време ќе се научи да навива кугларски и да им дава силна поддршка на оние кои куглаат.
По прегледувањето на сите записници ги објавуваме и официјалните резултати од првиот ден на градското првенсто. Веќе најавивме дека првиот ден ќе се игра денес и утре (петок), а вториот ден ќе се игра (понеделник, вторник и среда). Најдобрите 8 резултати во машка и во женска конкуренција ќе играат во големото финале закажано за во петок.
U14 Градско првенство на Битола - 2018 (2х40) во полни, машка конкуренција
| ||||
пласман
|
Име и презиме
|
Прв ден
|
Втор ден
|
ВКУПНО
|
1
|
Стефан Туловиќ
|
200
| ||
2
|
Архан Арслани
|
189
| ||
3
|
Павел Гагачев
|
187
| ||
4
|
Даниел Радевски
|
187
| ||
5
|
Васко Стојановски
|
173
| ||
6
|
Стефан Петровски
|
171
| ||
7
|
Горан Христовски
|
171
| ||
8
|
Коста Магденовски
|
164
| ||
9
|
Мартин Ристевски
|
156
| ||
10
|
Бојан Тодорвски
|
154
| ||
11
|
Дарко Никодиновски
|
152
| ||
12
|
Кристијан Николовски
|
144
| ||
13
|
Михајло Јолевски
|
127
| ||
14
|
Андреј Макаловски
|
122
| ||
15
|
Дарко Јовановски
|
118
| ||
16
|
Васко Мушовски
|
0
| ||
17
|
Христијан Стевановски
|
Дискфал.
|
U14 Градско првенство на Битола - 2018 (2х40) во полни, женска конкуренција
| ||||
пласман
|
Име и презиме
|
Прв ден
|
Втор ден
|
ВКУПНО
|
1
|
Емилија Петреска
|
170
| ||
2
|
Теодора Неделкова
|
166
| ||
3
|
Стефанија Алексовска
|
163
| ||
4
|
Ружица Георгиева
|
150
| ||
5
|
Ана Марија Вељановска
|
139
| ||
6
|
Ксенија Манева
|
133
| ||
7
|
Николина Петровска
|
123
|
Овие резултати ќе бидат многу подобри кога ќе се собери неопходното натпреварувачко искуство и ќе се отстрануваат почетничките грешки и ударите со 0 учинок. Чисто за компарација во Македонската кугларска лига на Македонија на официјални натпревари се случува регистрирани куглари со долгогодишно кугларско искуство на тешката куглана во Битола да имаат просек на полни 75 - 80 дрва или околу 5 дрва просечно. Денес одличниот Стефан Туловиќ прв го достигна резултатот од 200 дрва, што е просек 5 чуна по удар. Напоменуваме дека најискусниот куглар нема 15 тренинзи кугларско искуство, што е ужасно малку време, а дел од овие куглари имаат и помалку од 6 тренинзи.
Првиот ден од градското првенство е оценет како успешен и мотивирачки од страна на тренерите Игор Михајловски, Цане Поповски и Пецо Димовски. Утре го заокружуваме првиот натпреварувачки ден за сите кандидати.