Седма недела - објавен повикот за градско кадетско првенство


Благодарение на реализацијата на овој проект, во Битола, после долги години за прв пат се обезбедија услови за организирање на градско првенство во кадетска категорија за куглари/ки до 14 години.

Фокусот оваа недела ќе биде поставен на подобрување на играта генерално кај сите куглари и влегување во уште едно ново поглавје за нив, а тоа е како под притисок да ја зачуваат неопходната концентрација.

Разбирливо е дека се работи за почетници кои во најдобар случај имаат позади себе 12-13 тренинзи, што е исклучително многу малку, но токму и поради тоа ќе работиме и на концентрацијата бидејќи сепак пред нас ќе биде една свеченост која ја организираме во знак на ослобувањето на градот Битола.

Идејата за прво официјално натпреварување и прогласување на кадетски првак на Битола наиде на одобрување кај младите куглари и очекуваме во овој период се до финалниот ден 04.11.2018, да имаме уште поголема посветеност и напредок во совладување на основните кугларски вештини.

Разбирливо форматот ќе биде 4х10 во полни бидејќи на чистење сеуште не сме ни почнале да работиме онака како што треба.

Благодарение на нашите спонзори се обезбедени и награди за сите пријавени кандидати, како и за оние најдобри тројца и во машка и во женска категорија.

Кугламе и сме среќни дава кислород за битолското и македонското куглање и горди сме поради тоа. Ефектот кој преку социјалните мрежи го следат и еминентни кугларски стручњаци од регионот (Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна) секојдневно не охрабруваат во истрајноста знаејќи ја тежината на овој потфат за која се нафативме.
Share:

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор