Петта недела - нови ученици и селекција на веќе постоечките куглари

Петтата недела, после неделната пауза поради настапот на к.к. Пелистер 1982 на NBC Купот, младите куглари беа желни за продолжување со тренинзи. Оваа недела има рапиден скок во поглед на играта на повеќето куглари. Зрелост, амбициозност и желба за подобрување на својата игра беше присутна кај голем дел од нив.

Од страна на нови куглари, ни се приклучија учениците од основните училишта од ОУ Кирил и Методиј, ОУ Стив Наумов и од ОУ Коле Канински.

Бројката на ученици кои пробаа да куглаат премина 400 и сме посебно горди што она што беше поставено како првична цел веќе во средината на проектот е веќе постигната - масовноста.







Share:

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор