Шеста недела - напорни тренинзи

Веќе во шестата недела имавме селектирано поголем дел од кугларите кои покажаа значителен интерес и успех во тренинзите.

Многу сме задоволни како успеавме да ја најдиме успешната формула на дозирање на тренинзите и скоро и да немавме кандидат кој паузираше 1-2 или повеќе тренинзи поради воспаление на мускули, што е многу честа појава кај новите куглари.

Во оваа недела, кугларите за прв пат се запознаа со тежината на куглањето навлегувајќи веќе во прецизноста која иако рано започнавме да ја бараме од нив.


Веќе во оваа недела крајните позиции (сељаци) ги тргнавме што беше ново за нашите талентирани куглари, а од друга страна тренингот го отежнавме со поставување на граничници кои ги принуди учениците своите кугли да ги поставуваат на центарот од даската со добро поставување и на телото и на позицијата за раката.

Очекувано, ова воопшто не беше лесна задача, но оние подобрите веќе без проблем се справија со оваа нова ситуација што ги охрабри и оние послабите да се концентрираат и да работаат да успеат во што поголем број и нивните кугли да одат помеѓу позицијата 1-2-3.

За прв пат оваа недела се поставуваа и чуњеви самци за оние кои беа најдобри и рекордот 7 од 10 на позиција центар од девојче кое месец дена куглало претходно.

Радува фактот што кандидатите кои подоцна започнаа да куглаат (посебно групата од ОУ Стив Наумов) не само што ги стигна останатите, туку во многу елементи беа и подобри.


Share:

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор