Мери Јанева, репрезентативка, гостин на „Кугламе и сме среќни“

На 07 декември (петок) во битолската куглана беше струмичанката Мери Јанева, репрезентативка на Р.Македонија, државен кадетски, јуниорски и сениорски првак и носител на 2 бронза од големите натпреварувања.
Директно од Струмица, напуштајќи го своето работно место порано за да стигне навреме на нашиот тренинг, без одмор од патот влезе во кугланата и го започна својот тренинг со нашите млади куглари. 
Прилично беше емотивна дека токму и таа произлегла од сличен проект во Скопје, со тоа што нејзиниот говор кон присутните беше мотивирачки и во насока на жртвата која треба да се принесе за куглањето но и сите придобивки од овој прекрасен спорт.

Нашите куглари со задоволство соработуваа со оваа прекрасна и добра личност од кугларскиот свет, а Мери несебично даваше совети и коментари како нашите куглари да ја подобрат својата игра. Патем, Мери е ученик на две големи кугларски легенди од Македонија (Тодор Манев и Менсур Ајдин)

Во нејзината изјава непосредно не потсети дека иако куглала во оваа куглана на официјални натпревари не сака да кугла веќе во истата и дека овие деца 2019 година заслужуваат да куглаат на модерна куглана.

Мери, благодариме за твојот ангажман!











Share:

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор