Битолчани во Скопје да куглаат на нормална куглана


Денес, недела, 02.12.2018, кугларите од проектот „Кугламе и сме среќни“ за прв пат имаа прилика да куглаат на куглана на плочи. И нормално, каде ако не во храмот на македонското куглање, кугланата која е прва голема куглана ,1974, автоматизирана каде што неколку пати се одигрувале големи европски и светски првенства, кугларницата Мусандра во ГТЦ, Скопје.

Очекувано, wow ефект при влегувањето и трема од новиот амбиент од страна на нашите кугларчиња. Љубезно пречекани од домаќините, од вработените и кугларите од ГТЦ, предводени од нивниот играч Слободан Лазарков.

Не пречекаа исто така и кугларската легенда на македонското куглање Менсур Ајдин (репрезентативец, селектор на репрезентација, човек кој сиот свој живот го посветил на куглањето и сеуште одлично се држи и е активен куглар), Перо Гиевски (човек кој го води генерално женскиот клуб), Дарко Димитровски (член на новиот ИО на КФМ, инаку коосновач на к.к. Вардар2014) и Билјана (Биба) Гавриловска, репрезентативка кои ги поздравија нашите куглари пред почетокот на тренингот, пренесоа пораки, искуства и ни посакаа убави мигови во кугланата. Сите внимателно ги следеа нашите куглари, како куглаат и споделуваа мислења со нашите тренери од проектот.

Куглавме во еден невообичаен формат 2х30 од кои 50 во полни и 10 во чистење. Чистењето е нешто ново за нашите куглари и само неколку тренинзи го имаме работено и не сакавме да ги оптовариме со таа игра бидејќи сеуште дел од нив не се подготвени за тоа.

Резултатите, како за прв пат на ваков тип на куглана, повеќе од одлични. Во женска категорија најдобра беше Емилија Переска со 267, Јована Спасеновска 263, Андреа Вељановска со 257, Стефанија Алексовска 255, Ана Марија Вељановска 254, Ружица Ѓорѓиевска и Невена Гилева 252, Јована Гроздевска 251 и Наталија Чона 250. Останатите резултати беа под 250.

Во машка категорија, најдобар беше Дарко Стојковски 288, Павел Гагачев 268, Ајхан Арслановски 265,  Васко Стојановски 263, Кико Димовски 260, Горан Христовски 251. Останатите резултати беа под 250.

Генерално како тренери сме задоволни од прикажаната игра, беа направени и многу грешки што е раазбирливо, бунеа сензорите за престап (што ги немаме во Битола), бунеше времето(немаме тајмери), самата просторност на кугланата, подлогата, однесувањето на даските, мазноста на куглите ... но како за прв пат беше одлично.

Ние куглавме и бевме среќни, а овој ден ќе се забележи како едно убаво искуство и покажување на битолските куглари што значи да се има куглана која е стандард во цела Европа. Задоволството да се кугла на овие 13-14 годишни деца беше евидентно и со полн жар искуглаа борејќи се за што подобра игра. 

Повеќе фотогррафии од денешниот настан:













































































Share:

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор