Втората недела во знак на првична селекција

Втората недела веќе започнуваат да се наѕираат кугларските таленти. Факт е дека потребно е уште многу, многу работа и тренинзи, но одредена група на ученици отскокнува од останатите. 

Радува фактот што после третиот, четвртиот тренинг кај повеќето ученици се забележува сериозен напредок во совладувањето на основниот чекор и став во куглањето, исфрлањето на куглата, а кај оние поталентираните куглата веќе добива и потребен правец и брзина. Тоа е забележително и кај момчињата и кај девојчињата.

Втората недела покрај учениците од основните училишта кои куглаа во првата недела, ни се приклучија и ученици од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ и ОУ „Даме Груев“ од Битола, како и учениците од ОУ „Слако Лумбарковски“ од Новаци.

Вкупната бројка на ученици кои куглале од првиот ден до сега се искачи на цифрата 320.

Покрај тренерскиот троец, оваа недела гости ни беа:
Кристијан Божиновски, куглар на к.к. Виена од Австрија кој во моментот е во својот роден град кој имаше прилика да демонстрира стил и техники на куглање карактеристични за австриското поднебје,
Никола Андоновски, државен јуниорски првак за 2017 година
Благојче Ристески,  млад и талентиран куглар од к.к. Пелистер кој помогна во мотивацијата на младите куглари




































Share:

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор