Првата недела во знакот на запознавање со куглањето

Првата недела помина во знакот на масовноста и првата средба на учениците со куглањето. Куглаа повеќе од 260 ученици, од Општина Битола и Општина Могила. 

Од Општина Битола куглаа учениците од ОУ Трифун Пановски, Елпида Караманди, Тодор Ангелевски и Гоце Делчев. И машки и женски. Присуството беше 90% од вкупниот број на ученици што надвор од школските активности е скоро невозможно. 

Од Општина Могила куглаа учениците од ОУ „Браќа Миладиновци“ - Добрушево, ОУ „Гоце Делчев“ - Могила и ОУ „Кочо Рацин“ - Ивањевци. Превозот до Битола беше бесплатен за учениците, а процнтот исто така се движеше над 85%. 

Од секое училиште и од Општина Битола и од Општина Могила задолжително првата недела имаше наставник по физичка култура. 

Научивме како да не се повредиме, да трчаме на патека, да ја исфрлиме куглата. Има уште многу, но како за прва недела, одлични сме.

Гости:
Адријана (Кочишка) Ангеловски, стручен консултант на проектот, државен првак долги години во различни воразни категории, репрезентативка на Македонија и носител на две бронзени медали од европски и светски првенства.

Никола Андоновски, државен јуниорски првак за 2017 година.

















Повеќе фотографии на официјалниот ФБ профил на овој проект. https://www.facebook.com/Novipercepcii/



Share:

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор