Видео запис - Маријана Орос

Репрезентативката Маријана Орос од Нови Сад, Србија, деновиве беше во Битола на покана од проектот „Кугламе и сме среќни“. Нејзината посветеност и љубов кон овој спорт веднаш се рефлектира и на младите куглари кои со огромно внимание ги слушаа нејзините совети. Нејзината енергија и начин на размислување им помогна на младите куглари да нурнат уште подлабоко во тајните на куглањето и да бидат подготвени на сите предизвици и искушенија кои се кријат во оваа интересна игра. 
Официјално, нејзната видео порака за овај проект:











Share:

Маријана Орос со голем жар во трансферот на знаења со нашите куглари

Кога репрезентативка на Србија од Нови Сад доаѓа во Битола специјално за младите куглари од проектот „Кугламе и сме среќни“ кажува доволно за важноста, вредноста и значењето на истиот, генерално карактеризиран како освежување на балканско ниво во кугларскиот спорт.
Можеби Битола нема нова и модерна куглана, можеби Битола нема ултра модерни услови за работа, но едно е јасно: Битола има одлични кугларски таленти до 14 години и тоа не прави посебно горди.

Давајќи големо парче од себе пред младите куглари во една убава, пријатна и ведра атмосфера, сублимирано на многу едноставен начин беше пренесена сета љубов, знаења и вештини кои Маријана Орос ги стекнала во куглањето несебично споделувајќи ги со напшите куглари. 

Куглањето е спорт кој бара многу размислување и свесност, а коментарите на Маријана со секој куглар поединечно веруваме дека беа доволно инспиративни за да ги поттикнe нашите млади куглари уште подлабоко да нурнат во тајните на куглањето. 

Денес, 20 ноември, ќе биде запаметен како ден каде што се научија многу нешта, каде се разбија многу табуа, предрасуди кои важеле некогаш во куглањето, а веќе се надминати во модерното куглање.

Утре (среда) продолжуваме со исто темпо со нашата гостинка во истите термини од 16.30-21.00 часот.  

Претходната недела Јован, оваа недела Маријана, одлично се вклопија во филозофијата која ја наметна овој проект и продолжуваме да ја шириме таа наша девиза „Кугламе и сме среќни“.





















Share:

Видео запис од Јован Керечки за „Кугламе и сме среќни“


Кугларскиот мотиватор Јован Керечки, куглар од к.к. Црвена ѕвезда, кој живее и работи во Суботица, беше гостин во Битола и како тренер помогна во реализацијата на проектот „Кугламе и сме среќни“. Неговиот тродневен престој во Битола специјално за нашите куглари беше одлично прифатен од сите деца и со задоволство се прифаќаа советите и сугестиите кои овој исклучителен човек несебично ги даваше во индивидуална и групна работа во кугланата. Часовите работа не се ни почувствуваа а насмевката беше составен дел кај сите учесници. Енергијата на Јован идеално се вклопи во концептот и филозофијата на „Кугламе и сме среќни“.

Видео запис од Јован Керечки


 
Share:

Сите очи вперени во Керечки, гостинот од Суботица

Како и што беше најавено, Јован Керечки, искусен куглар од к.к. „Црвена ѕвезда“ од Белград, инаку живее и работи во Суботица за потребите на проектот „Кугламе и сме среќни“ допатува во Битола и деновиве престојува во конзулскиот град. Повеќе од 800 км оддалеченост не беше пречка овој голем љубител на куглањето да даде парче душа на нашите куглари и сето она знаење и искуство берено низ годините несебично да го предаде на младите, истовремено и да корегира, да поттикни, да охрабри, да мотивира.

Убаво е да се види и восхитеноста за нашата работа и резултатите од постигнатото во овој краток временски период што уште повеќе дава тежина на овој проект во поглед на поставеноста и стручната подготовка. 

Сите очи денес беа вперени во исклучителниот Јован кој успеа да ја зачува својата концетрација и со секој кандидат да работи индивидуално што после долгиот пат итоа како беше напорно, но кугларите не само што тоа не го почувствуваа, туку напротив се работеше со тренинзите длабоко во ноќта а Керечки со насмевка го испрати и последниот куглар подеднакво посветувајќи им внимание и на оние одличните и на оние помалку добрите куглари.

Генералниот впечаток од првиот работен ден е дека КУГЛАМЕ и сме СРЕЌНИ е вирус кој се шири низ Балканскиот полуостров а овој концепт на работа ќе биде пренесен и во неколку земји од нашето опкружување. Најбитно, битолското куглање доби на квалитет, а присуството на искусниот српски куглар беше искористено и за подобрување на играта на дел од помладите куглари на Пелистер. 

Убаво е да се биде дел од оваа кугларска енергетска бомба која ја размрда Битола и даде еден нов импулс во размислувањето и работата на веќе постоечките куглари, а сите насочени кон подмладокот кој во овој момент покажува исклучителен талент. 

Кугламе и сме среќни продолжува и утре со Керечки! Сите термини си остануваат исти како денес.
































Share:

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор