Маријана Орос со голем жар во трансферот на знаења со нашите куглари

Кога репрезентативка на Србија од Нови Сад доаѓа во Битола специјално за младите куглари од проектот „Кугламе и сме среќни“ кажува доволно за важноста, вредноста и значењето на истиот, генерално карактеризиран како освежување на балканско ниво во кугларскиот спорт.
Можеби Битола нема нова и модерна куглана, можеби Битола нема ултра модерни услови за работа, но едно е јасно: Битола има одлични кугларски таленти до 14 години и тоа не прави посебно горди.

Давајќи големо парче од себе пред младите куглари во една убава, пријатна и ведра атмосфера, сублимирано на многу едноставен начин беше пренесена сета љубов, знаења и вештини кои Маријана Орос ги стекнала во куглањето несебично споделувајќи ги со напшите куглари. 

Куглањето е спорт кој бара многу размислување и свесност, а коментарите на Маријана со секој куглар поединечно веруваме дека беа доволно инспиративни за да ги поттикнe нашите млади куглари уште подлабоко да нурнат во тајните на куглањето. 

Денес, 20 ноември, ќе биде запаметен како ден каде што се научија многу нешта, каде се разбија многу табуа, предрасуди кои важеле некогаш во куглањето, а веќе се надминати во модерното куглање.

Утре (среда) продолжуваме со исто темпо со нашата гостинка во истите термини од 16.30-21.00 часот.  

Претходната недела Јован, оваа недела Маријана, одлично се вклопија во филозофијата која ја наметна овој проект и продолжуваме да ја шириме таа наша девиза „Кугламе и сме среќни“.





















Share:

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор