Градско првенство на Битола U14

Денес, четврток 25 октомври, беше одржан првиот ден од градското првенство на Битола, за кадети до 14 годишна возраст. Право на настап имаа сите куглари/ки кои учествуваа во проектот „Кугламе и сме среќни“.

Се работеше за прв официјален натпревар на нашите млади куглари и очекувано МНООООГУ ТРЕМА. Едноставно денес воопшто не беше лесно да се кугла поради тоа што секој сакаше да има убав резултат од една страна, а од друга страна требаше да се игра пред своите родители, роднини и пријатели. 

Но денес радуваше фактот што нашето мото е прифатено од нашите млади куглари/ки како наша заедничка филозофија и денес сите КУГЛАВМЕ И БЕВМЕ СРЕЌНИ! Резултатите ни беа битни, но, не ни беа пресудни.

Токму денес и официјално за прв пат го дегустиравме нашиот официјален пијалок ЦЕВИТАНА, производ на Витаминка, кој ќе не освежува додека си кугламе до крајот на оваа календарска година.

Судиите на денешното натпреварување (тренерите во проектот) беа на висина на задачата и едукативно ги вовлекоа младите во кугларските правила и протоколи за натпреварување што беше прилично интересно за гледање. Публиката пак, беше прилично мирна, но има време ќе се научи да навива кугларски и да им дава силна поддршка на оние кои куглаат.






















По прегледувањето на сите записници ги објавуваме и официјалните резултати од првиот ден на градското првенсто. Веќе најавивме дека првиот ден ќе се игра денес и утре (петок), а вториот ден ќе се игра (понеделник, вторник и среда). Најдобрите 8 резултати во машка и во женска конкуренција ќе играат во големото финале закажано за во петок.

U14 Градско првенство на Битола - 2018 (2х40) во полни, машка конкуренција
пласман
Име и презиме
Прв ден
Втор ден
ВКУПНО
1
Стефан Туловиќ
200


2
Архан Арслани
189


3
Павел Гагачев
187


4
Даниел Радевски
187


5
Васко Стојановски
173


6
Стефан Петровски
171


7
Горан Христовски
171


8
Коста Магденовски
164


9
Мартин Ристевски
156


10
Бојан Тодорвски
154


11
Дарко Никодиновски
152


12
Кристијан Николовски
144


13
Михајло Јолевски
127


14
Андреј Макаловски
122


15
Дарко Јовановски
118


16
Васко Мушовски
0


17
Христијан Стевановски
Дискфал.


U14 Градско првенство на Битола - 2018 (2х40) во полни, женска конкуренција
пласман
Име и презиме
Прв ден
Втор ден
ВКУПНО
1
Емилија Петреска
170


2
Теодора Неделкова
166


3
Стефанија Алексовска
163


4
Ружица Георгиева
150


5
Ана Марија Вељановска
139


6
Ксенија Манева
133


7
Николина Петровска
123


Овие резултати ќе бидат многу подобри кога ќе се собери неопходното натпреварувачко искуство и ќе се отстрануваат почетничките грешки и ударите со 0 учинок. Чисто за компарација во Македонската кугларска лига на Македонија на официјални натпревари се случува регистрирани куглари со долгогодишно кугларско искуство на тешката куглана во Битола да имаат просек на полни 75 - 80 дрва или околу 5 дрва просечно. Денес одличниот Стефан Туловиќ прв го достигна резултатот од 200 дрва, што е просек 5 чуна по удар. Напоменуваме дека најискусниот куглар нема 15 тренинзи кугларско искуство, што е ужасно малку време, а дел од овие куглари имаат и помалку од 6 тренинзи. 

Првиот ден од градското првенство е оценет како успешен и мотивирачки од страна на тренерите Игор Михајловски, Цане Поповски и Пецо Димовски. Утре го заокружуваме првиот натпреварувачки ден за сите кандидати.





Share:

Распоред за кадетско првенство во куглање на Битола

ОФИЦИЈАЛЕН РАСПОРЕД ЗА ПРВ ДЕН НА КАДЕТСКО ПРВЕНСТВО, ЧЕТВРТОК (25.10.2018)

Патека бр.1
Патека бр.2
Патека бр.3
Патека бр.4
16.30
Павел Гагачев
Васко Мушовски
Васко Стојановски
Дарко Никодиновски
17.00
Теодора Ѓуровска
Стефанија Алексовска
Ана Марија Вељановска
Ксенија Маневска
17.30
Коста Марденовски
Архан Арслани
Стефан Туцовиќ
Горан Христовски
18.00
Ружица Георгиевска
Емилија Переска
Николина Петровска
Теодора Неделкова
18.30
Мартин Ристевски
Михајло Јолевски
Христијан Стевановски
Стефан Петровски
19.00
Кристијан Николовски
Дарко Јовановски
Даниел Радевски
Андреј Макаловски
19.30
ТРЕНИНГ НА К.К. ПЕЛИСТЕР

ОФИЦИЈАЛЕН РАСПОРЕД ЗА ПРВ ДЕН НА КАДЕТСКО ПРВЕНСТВО, ПЕТОК(26.10.2018)

Патека бр.1
Патека бр.2
Патека бр.3
Патека бр.4
16.30
Невена Гилева
Марта Богоевска
Христина Деловска
Сара Милошевска
17.00
Ивана Трајчевска
Ева Цветковска
Андреа Вељановска
Софија Даскалова
17.30
Михаела Петковска
Магдалена Галовска
Јована Гроздевска
Даниела Ѓуровска
18.00
Стефан Поп Стефановски
Дарко Страхиниќ
Стефан Велевски
Христијан Димовски
18.30
Ива Крстевска
Наталија Чона
Ема Ташковска
Михаела Ристевска
19.00
Јована Спасеноска
Ивана Василевска
Марија Кузмановска
Ангела Симоновска
19.30
Стефан Ристевски
Давор Стојковски
Виктор Димовски
Иван Димовски
20.00
Теодора Јовчевска
Ева Тодоровска
Стефан Китановски
Симеон Танасковски
20.30




Објавена е листата на термини за секој од пријавените кандидати кои учествуваат во „Кугламе и сме среќни“. 

БЕЗ ИЗВРШЕН ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕД и соодветна потврда од спортски доктор нема да може да се влезе на натпревар.

Термините за вториот натпреварувачки ден, ќе бидат објавени дополнително во ослгасност со резултатите од првиот ден и смените во училиште.

Ќе се игра 2х40 кугли во полни, а најдобрите вкупни 8 резултати во машка и 8 во женска конкуренција ќе влезат  во финале. Во финалето победник ќе биде оној кој тој ден ќе изваде најдобар резултат од 1х40 во полни и ќе се стекни со титулата ГРАДСКИ КАДЕТСКИ ПРВАК ВО КУГЛАЊЕ НА ГРАД БИТОЛА.

Share:

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор