Roža Pisar



 Roža Pisar од Суботица, е една исклучителна личност која целосно се посветила на спортот од најмала возраст остварувајќи значајни резултати во неколку спортови (гимнастика, атлетика, ракомет) за целосно да се посвети на куглањето како нејзина најголема љубов. 

Почетоците во куглањето ѝ започнале во к.к. Пионир од Суботица, каде што долги години била капитен на екипата, а воедно и подпреседател водејќи ја својата екипа до бројни достигнувања и спортски признанија. Со својот клуб и поединечно освојувала бројни медали како на државните првенства во Србија, тогашна Југославија, (Србија и Црна Гора), така и на меѓународни првенства.

Од 1997 - 2009 година е репрезентативка на својата држава, а веќе во 1998 година, го освојува 4-тото место на светско првенство во Словенија во парови. Неколку пати е бирана за најдобар спортист а круна е 2000-тата година кога влегува во аналите на својот град во друштво на најдобрите 100 спортисти на векот. 

Тренерската кариера ја гради од 1998, кога во Суботица отвора своја школа од каде што произлегле исклучителни кугларки - репрезентативки како на пример: Stella Capo, Monika Matijević i Monika Botka.

Од 2001 - 2009 година е Селектор на женската кадетска репрезентација на Југославија (Србија и Црна Гора), Србија, постигнувајќи го својот тренерски зенит преку Светското кадетско првенство во Кошиче (Словачка) освојувајќи медали со Livijom Santo и Marija Komarek во парови и Livija Santo во комбинација.

Исклучителни успеси како тренер постигнува и на легендарните кугларски кампови во Србија, низ кои поминале врвни имиња во кугларскиот спорт како VILMOŠ ZAVARKO,IGOR KOVAČIĆ,ROBERT ERNJEŠI
или девојките LIVIJA SANTO,ANĐELKOVIĆ JELENA, ANĐELKOVIĆ JASMINA,JELENA PETROVIĆ, како и многу други таленти од нашиот северен сосед.

Нејзиното тренерско искуство несебично ќе го пренесе врз нашите тренери и тренерската работа во овој проект што ќе изврше позитивно влијание генерално како на битолското, така и на македонското куглање.

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор