Jovan Kerecki



Јован Керечки (Jovan Kerecki) е роден во Нови Сад (1969) а живее во Суботица. Се работи за исклучителен човек, џентлмен, спортист, кој во својот живот активно се занимавал со атлетика, пливање, бокс, фудбал, за од 1999 година преку клубот Матица од Суботица започне сериозно да се занимава со куглање. Членувал во Бирографика од Суботица, Сента од Сента, Металмакс од Бања Лука а од 2007 до денес е во клубот „Црвена ѕвезда“ од Белград каде што во моментот е Директор на клубот.
Во своето кугларско CV, стојат бројни офицјални и неофицијални кугларски натпреварувања, многу награди и трофеи. Неговиот личен кугларски рекорд е 658 кегли. Го краси стручноста, ведриот дух, оптимизмот и желбата со навремен совет да го мотивира кугларот да го даде својот максимум на кугларските патеки.
Јован е голем пријател на битолскиот кугларски клуб и неговата поддршка за проектот „Кугламе и сме среќни“ ќе придонесе во поттикнувањето и раѓањето на љубовта на младите учесници кон куглањето, како еден од најубавите спортови.


Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор