Цане Поповски |
Роден 1968 е еден од кугларите кој има најбогата кугларска кариера.
Започнал во првиот регистриран битолски клуб и денес е во к.к. Хераклеа. Вечен капитен на битолските екипи Пелистер и Хераклеа.
к.к. „4-ти Јули“ – Битола (1982-1984),
к.к. „Гоце Радосавлевиќ“ – Битола (1985-1987)
к.к. „Пелистер“ – Битола (1988-1994)
к.к. „Пелистер“ – Битола (2002-2005)
к.к. „Инекс Дрим“ – Струга (2006-2008)
к.к. „Пелистер“ – Битола (2009-2010)
к.к. „Работнички“ – Скопје (2011-2013)
Личен рекорд: 589 (Борис Трајковски - Скопје)
Искуство на меѓународни турнири и лични резултати:
NBC Скопје – 2011, член на екипата како резерва
NBC Апатин – 2012, личен резултат на две патеки – 268
MWP Апатин – 2013, личен резултат – 551
НБЦ Штраубинг, Германија - 2016, Хераклеа
НБЦ Минхен. Германија - 2017, Хераклеа
НБЦ Апатин, Србија - 2018, Хераклеа
Репрезентативен јуниорски настап (СФРЈ): Турнир “Братство и единство” – Титов Велес (1986 година), настап за Македонија со резултат од 851 (4х50)
Меѓународни пријателски натпревари
Крагуевац, 2014, Хераклеа третопласирана на турнир
Скопје 2018 Хераклеа со к.к. Цар Лазар и к.к. ГТЦ
Крушевац 2018, Хераклеа третопласирана на турнир
Одличен познавач на кугларската игра, трпелив тренер со младите категории, фантастичен пренос на искуства драгоцени за младите куглари.