Најтрофеен македонски клуб
Екипата на Макпетрол е формирана во 1977 година и е еден од клубовите основоположници на македонското куглање.
Со своите 18 титули во самостојна Македонија, Макпетрол е најтрофејниот кугларски колектив во Македонија.
Се работи за клуб кој е со огромен буџет во споредба со сите останати кугларски клубови и природно е во него да куглаат најдобрите поединци што и го прави доминантен на македонските простори.
На меѓународно ниво имале значајни успеси (НБЦ, Европа покал), а клубот последните години води политика на немање странци во своите редови и давање можност на домашните млади играчи да ги покажат и развијат своите таленти на меѓународна сцена.
Популарни постови
-
ОФИЦИЈАЛЕН РАСПОРЕД ЗА ПРВ ДЕН НА КАДЕТСКО ПРВЕНСТВО, ЧЕТВРТОК (25.10.2018) Патека бр.1 Патека бр.2 Патека бр.3 Патека бр.4 ...