Македонска репрезентација

Македонската кугларска репрезентација, во машка категорија - сениори е една од најтрофејните колективи во нашата земја која во континуитет е во самиот светски врв на големите СП.

Посебен меѓународен дострел репрезентацијата постигнува со натурализирање на тројца врвни светски куглари Борис Бенедик (Словенија), Дамир Фучкар (Хрватска) и Урош Штоклас (Словенија).

Дамир Фучкар е легенда во кугларскиот спорт на светско ниво, екпно со своите екипи ја освојувал Европа (1989, 1999, 2000) и бројни медали на поединечните СП исто како и Урош Штоклас кој екипно ја покорувал Европа во неколку наврати.

Борис Бенедик е најзвучното име,  репрезентативец на Словенија (1992-2002) кој добил македонски пасош и во континуитет ги брани боите на Р.Македонија на големите првенства. Инаку 3 пати екипен првак на СП (1992, 1994, 2002) Светски рекордер во комбинација 2002. Во 2010 кога настапува за Македонија, станува светски рекордер со неверојатни 698 чуњеви, а во 2013 е еден од главните виновници за среброто на македонската репрезентација екипно.

Од страна на домашните репрезентативци, Тодор Манев, Коста Манев, Менсур Ајдин, Лазе Атанасовски, Димитар Димитровски, Виктор Николовски, Бојан Влаќевски, Александар Соколовски, Сашко Трпковски и други настапувале во различни временски периоди во зависност од Селекторите на репрезентативниот состав.

Машката сениорска репрезентација, екипно најголемиот свој успех го постигнала во 2013, на СП во Унгарија кога со неверојатната победа и пресврт во последните кугли над Србија во полуфиналето, го играше првото екипно финале на едно големо првенство против домаќинот.


Во овој историски успех на репрезентацијата учестуваа: Дамир Фучкар, Урош Штоклас, Александар Соколовски (Битола), Борис Бенедик, Бојан Влаќевски и Сашо Трпковски.


Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор