Битолски клубови

Првиот регистриран кугларски клуб од Битола е кугларскиот клуб „4-ти Јули“ кој беше формиран со поставувањето на автоматизираната куглана во Битола (1982). Во периодот до 1991, во Битола опстојувал уште еден кугларски клуб „Гоце Радосавлевиќ“ кој исто така се натпреварувал во републичката лига, а постоеле и неколку клубови од работните организации кои се натпреварувале во општинската лига на Битола. Во овој период постоел и кугларски клуб на инвалидните лица од Битола.


Во периодот од 2001-2014, опстојуваат два кугларски клубови „Пелистер“ и „Молика“. Молика иако имаше краток клупски век е првата екипа од Битола која била финалист на Купот на Р.Македонија и прва екипа која излегла на меѓународна сцена (НБЦ - 2009 и 2010)

Од 2014 година постои кугларскиот клуб „Хераклеа“ кој исто така гради успешна меѓународна традиција, последователно 3 пати настапува на НБЦ Куп, како и неколку меѓународни пријателски натпревари. 

No comments:

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор