Битола - град каде што за прв пат се куглало во Македонија

Куглањето е една од најстарите игри воопшто. Археолозите ја имаат забележано во древниот Египет, Месопотамија, низ Европа, Америка. Играта се модифицирала низ вековите, но во ниту еден момент не ја изгубила својата атрактивност.

Во Битола, од поновата историја, истражувачите пронашле дека куглањето е забалежано многу рано, во 1927/1928 година, а за тоа има и пишани документи (сите тие информации се објавени во антологиските книги за Битола од проф. д-р Александар Стерјовски).

Со сигурност може да се потврди дека токму од Битола започнува модерното куглање во Р.Македонија, тогаш на земјена патека.

Куглањето на асфалтна патека се префрлува на Широк Сокак, поточно во кругот на Офицерскиот дом, некаде околу 1960-та година (немаме сеуште прецизни информации), за веќе со изградбата на спортската сала „Младост“, 1981/82 година, Битола да добие модерна автоматизирана куглана (една од најубавите во тој момент во тогашна СФРЈ)

Во прилог е извадок од единствениот документарен филм за куглање во нашата земја, со наслов „Алманах на битолското куглање“ од авторот Игор Михајловски. Видеото е со слаб квалитет поради заштита на авторските права.




Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор