Кугларскиот проект „Кугламе и сме среќни“ е помогнат од пријатели на куглањето, фирми кои општествената одговорност ја покажуваат на дело преку реализирање на конкретни проекти каков што е нашиот.
Сите пријатели ни се подеднакво важни, безмерно им сме благодарни бидејќи овој проект неможеше да биде во ваков обем само доколку го организиравме со нашите партнери (Општина Битола, Општина Могила, Општина Новаци и кугларскиот клуб од Битола)
Длабоко веруваме дека сите учесници во проектот ќе знаат тоа да го ценат бидејќи денес ваквите проекти од областа на спортот и рекреацијата се навистина реткост во нашата земја и горди сме што го имаме овој благодет токму во Битола.
Компанија која направи вистински бум во поглед на финансиското работење преку кредитирање на населението со акцент на микрокредитирањето придоби голем број на клиенти кои ги користат услугите на ова финансиско друштво. Покрај микро кредитите, препознатиливи и се по наменските и ненаменските кредити, хипотекарните, стамбените, земјоделските како и инвестициските и обртни средства на правните субјекти. Ги краси квалитетната услуга, можноста за on-line аплицирање и брзото одобрување и исплата во рок од само 1 час. Седиштето е во Битола, а компанијата успешно работи на територијата на целата земја. Благодариме SN!

На една урбана битолска локација во минатото, денес постои едно од најубавите и најпријатните кафетерии каде што можете своето слободно време да го поминете со пријателите. Локал кој од самиот почеток го поддржувал битолското куглање. Непосредната близина со кугланата го направи ова место омилено како на битолските така и на скопските куглари. Благодариме Аеро кафе!
Компанија која е лоцирана во срцето на Пелагонија, специјализирана за увоз, извоз и дистрибуција на трактори, приклучна земјоделска механизација, опрема за млекарство, вештачки ѓубрива, опрема за шумарство и градежништво, пумпи за вода, генератори и други производи.
Благодариме Евро-стил!
Фирма која од 2002 е присутна на македонскиот пазар, специјализирана за одржување на хигиена и управување и сервис со мали поправки во стамбени и деловни објекти. Распространета во три градови во Р:Македонија (Прилеп, Битола и Струмица), фирмата во моментот управува со повеќе од 500 стамбени објекти. Токму нивните вработени ќе бидат задолжени за хигиената во кугланата сите четири месеци. Благодариме РС Боби 99!
Веб порталот ГОЛ.мк е специјализиран за спортски вести во електронскиот етер, а неговата посетеност го вбројува во топ 15 сајтови во Р.Македонија по alexa.com. Од своите почетоци Гол.мк го покрива куглањето како спорт на национално ниво, a isto така и битолскиот клуб. Благодариме Гол.мк!
Веб порталот Bitolanews е специјализиран локален (Битолски) информатор кој на свој уникатен начин, брзо, навремено, точно и прецизно успева да покрие најголем дел од настаните во Битола. Препознатлив е по прекрасните интервјуа и одличните фотографии. Bitolanews го покрива кугларскиот клуб од Битола. Благодариме Bitolanews.