Бојан Влаќевски
Бојан Влаќевски е официјалниот македонски рекордер, човекот кој го има најдобриот резултат на сите времиња (701).
Куглар од помладата генерација, носител на еден од најголемите екипни достигнувања на сениорската репрезентација на Македонија (сребро на СП), преферирајќи еден модерен стил на куглање.
Најголемите клупски успеси ги постигнува со к.к. Макпетрол, од 2014 куглал во к.к. Вардар, а веќе од 2016 година својата кариера решава да ја гради во Хрватска.
Играше две сезони за Медвешчак од Загреб, за 2018/19 склучи договор со к.к. Запрешич, шампионот на Хрватска за 2017/18 година.
Бојан е куглар кој ќе помогне во реализацијата на овој проект со своите стручни совети, а ќе биде и гостин на семинарот кој го планираме во Битола.
Популарни постови
-
ОФИЦИЈАЛЕН РАСПОРЕД ЗА ПРВ ДЕН НА КАДЕТСКО ПРВЕНСТВО, ЧЕТВРТОК (25.10.2018) Патека бр.1 Патека бр.2 Патека бр.3 Патека бр.4 ...