Куглањето е спорт кој е исклучително интересен и забавен. Во исто време спорт кој бара многу концентрација и добра физичка подготвеност.
Не може одеднаш да се кугла добро, бара време, трпение и тренинзи како впрочем и за сé. Имаме квалитетни и трпеливи тренери, луѓе кои ќе ти ја пренесат својата љубов кон овој спорт.
Што е потребно за да се аплицира?
- Да бидеш ученик во 9-то одделение во едно од основните училишта во Општините Битола, Могила или Новаци.
- Да се чувствуваш здраво
- Да сакаш нова авантура во својот живот
- Да одвоиш дел од твоето слободно време после училишните обврски
- Да добиеш повеќе информации од твојот наставник по физичко или директно во кугланата во Битола
- Да ја пополнеш апликацијата
Тренинзите и сите други активности се БЕСПЛАТНИ ЗА ТЕБЕ, не ја пропуштај шансата!
СЕКОЈ ЌЕ ДОБИЕ ШАНСА ДА КУГЛА, А СЕЛЕКЦИЈА НА ПОДОБРИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ ИМА ВО ТЕКОТ НА ПРВИТЕ 6 НЕДЕЛИ
Твое е да бидеш редовен, да ги слушаш советите на тренерите и цврсто да се држиш до нашето мото кое гласи: „КУГЛАМЕ И СМЕ СРЕЌНИ“ :)
Рокот за пријавување: 03 септември - 16 септември
Пополни ја соодветно апликацијата соодветно и очекувај да бидеш повикан/а
Пополни ја соодветно апликацијата соодветно и очекувај да бидеш повикан/а