• КУГЛАЊЕТО Е МНОГУ ЗАБАВНО!

    Еден од најинтересните спортови, исполнет со многу забава и возбудливи моменти, моменти кои ќе се паметат долго, во нашиот град, во Битола. Прочитај малку повеќе околу овој кугларски проект

  • ПОПОЛНИ ЈА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРИЈАВА!

    Кугларскиот проект е поддржан од повеќе партнери и целосно ќе биде бесплатен за учесниците. Шанса ќе добијат 400 ученици. Твое е да ја пополниш пријавата и да дојдеш во куглана да кугламе. Започнуваме на 10-ти септември 2018

  • ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕШ ДА КУГЛАШ?

    Ако сакаш да знаеш колку тежи куглата, какви дисциплини има куглањето, што е неопходно за овој спорт - кликни :)

  • БИТОЛА ЌЕ ДОБИЕ НОВА КУГЛАНА!

    Имаме ветувања дека градот ќе добие куглана, нова, модерна како во европските метрополи. Ние ќе си кугламе и ќе бидиме среќни, а кугланата ќе биде наскоро, ќе бидеме трпеливи

Добредојдовте на нашата веб страница

Овде ќе зборуваме само за куглање. Ќе поставуваме слики од нашите тренинзи, од нашите активности, ќе се забавуваме спортувајќи. Ако сакаш да бидеш дел од овој проект, пријави се. Потребно е да бидеш ученик во 9-то одделение во Битолскиот регион. Што е најбитно, сé е бесплатно. Сподели нé ако сметаш дека сме интересни :)
  • Колку тежи куглата?

    • Куглата е со дијаметар од 160мм, и има тежина од 2.8кг. Во класичното куглање, куглата не смее да има дупки
  • Како да аплицирам?

    • Пополни ја електронската пријава и види дали ги исполнуваш условите да аплицираш. Пријавувањето е започнато! Повеќе
  • Куглани во Македонија

    • Во Македонија постојат 7 куглани, од кои 3 активни и 4 пасивни куглани. Активни куглани каде што има официјални натпреварувања има во: Скопје и Битола, а Струга и Охрид имаат куглана исто такаПовеќе
  • Македонска репрезентација

    • Кугларската е една од најуспешните екипни репрезентации во Р.Македонија. Најголем успех на машката сениорска селекција е сребро на светско првенство во Унгарија-2013 година како и бројни индивидуални медали на големи првенстваПовеќе
  • Најтрофеен македонски клуб

    • Макпетрол-Скопје во 2018 година ја освои 18-тата шампионска титула во домашното првенство. Клубот и на меѓународна сцена е во самиот европски врв
  • Битолски клубови

    • Прв регистриран кугларски клуб од Битола е „4-ти Јули“ (1982). Постоеле и „Гоце Радославлевиќ“, „Пелистер“, „Молика“ и денешниот „Хераклеа“ Повеќе
  • Нова куглана во Битола

    • Копнежот за нова куглана во Битола трае цели 2 децении. Делумното реновирање во 2000/01 година, го врати куглањето од мртвите, а денес на Битола му е неопходна нова и лиценцирана куглана;. Повеќе

Мал спектакл во битолската куглана


На самиот крај од проектот „Кугламе и сме среќни“ кој во Битола траеше 4 месеци, предновогодишно свечено го прославивме со ревијален натпревар каде што имавме гости, познати лица, лица кои дадоа поддршка на оваа наша активност, новинари, спонзори и истите денес заедно куглаа со нашите млади куглари во 8 тимови.

На самиот почеток присутните имаа прилика да го гледаат краткото видео кое беше сублимат на активностите на проектот „Кугламе и сме среќни“. Истото може да го погледнете:


Гости ни беа: Димитар Андоновски (естрада), Никола Чобановски (Аеро кафе), Радојка Димитrijeska (SN финансии), Горан Упале (gol.mk), Наташа Петровска (Градоначлник на Битола), Нико Берберу (Витаминка), Марјан Ѓорѓиевски (актер и стендап комичар), Славчо Ристески (РС Боби), Весна Божиловиќ (tvb.mk), Сашо Ристевски (bitolanews.mk)
Иако ревијално, најдобар резултат постигна тимот каде што беше Градоначалничката, а истата со одлично прикажаната игра, што беше и пријатно изненадување за бројната публика, видно придонесе на својата екипа за победата.

По завршувањето на 8-те тимови се сечеше торта и мал коктел за присутните, а сите куглари добија поклон ранче со прикладни поклони во него, донација од нашиот стручен консултант Јован Керечеки од Суботица, Р.Србија. 

Ова беше уште еден од низата на незаборавни моменти во битолската куглана и согледувајќи ја оваа енергија, решивме како организатори да го продолжиме уште еден месец овој проект, се со цел нашите одбрани куглари да продолжат да куглаат и да го живеат мотото „Кугламе и сме среќни“.







































Share:

Тамара Талевска, најдобра во битолскиот спринт, девојките доминантни на битолската куглана

Саботата (08 декември) беше резервирана за турнирот на Битола во спринт до 14 години

По пат на ждреб, стигнавме до 1/16 а потоа со елиминација стигнавме до победникот. За прв пат немаше машка и женска конкуренција туку сите рамноправно настапуваа. Се куглаше на 2х10+5, по истите правила како на меѓународните турнири, но со скратени 5 кугли на чистење.
На тешката куглана во Битола, очекувавме дека машките ќе доминираат, НО, денес беше ден на девојките.
Полека, но сигурно машките беа елиминирани во 1/16, во 1/8, за во 1/4 финале да отпаднат и фаворитите Коста, Архан и Стефан Т. За овие брилијантни повбеди најзаслужни беа Емилија П, Ружица и Данче.

Во 1/2 финалето се сретнаа 4 девојки, горенаведените и Тамара кој пак во 1/4 финалето ја совлада Јована Г, градски првак за 2018.

Во првото полуфинале се сретнаа Ружица против Емилија и Данче против Тамара.

Во самата завршница преовладуваа емоциите, па воопшто не беше лесно да се кугла под притисокот од медалите.
Ружица водеше со 1:0 во сетови, а Емилија иако имаше предност во вториот сет, иако со 14-тата кугла успеа да ја исчисти поставата, неочекувано и покрај одличната игра во текот на целиот натпреварувачки ден, 15-тата кугла во полни ја одигра 0. На Ружица и требаше само 4 за победа. Или 3 за пенал на патека, но не, иако куглата одеше во центар неочекувано скршна од својата патека и имаше само 2. Натпреварот беше решен на пенали (со 3 кугли во полни), а Емилија беше подобра
Во второто полуфинале Данче видно возбудена од успехот играше деконцентрирана и загуби од Тамара со 2:0.

Во финалето Емилија беше блиску но не успеа да и земе сет на Тамара и со 2:0, девојчето кое игра бавна, но исклучително прецизна кугла, беше победник. Браво Тамара!!!

                                       



























Share:

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор