Видео запис од Јован Керечки за „Кугламе и сме среќни“


Кугларскиот мотиватор Јован Керечки, куглар од к.к. Црвена ѕвезда, кој живее и работи во Суботица, беше гостин во Битола и како тренер помогна во реализацијата на проектот „Кугламе и сме среќни“. Неговиот тродневен престој во Битола специјално за нашите куглари беше одлично прифатен од сите деца и со задоволство се прифаќаа советите и сугестиите кои овој исклучителен човек несебично ги даваше во индивидуална и групна работа во кугланата. Часовите работа не се ни почувствуваа а насмевката беше составен дел кај сите учесници. Енергијата на Јован идеално се вклопи во концептот и филозофијата на „Кугламе и сме среќни“.

Видео запис од Јован Керечки


 
Share:

Сите очи вперени во Керечки, гостинот од Суботица

Како и што беше најавено, Јован Керечки, искусен куглар од к.к. „Црвена ѕвезда“ од Белград, инаку живее и работи во Суботица за потребите на проектот „Кугламе и сме среќни“ допатува во Битола и деновиве престојува во конзулскиот град. Повеќе од 800 км оддалеченост не беше пречка овој голем љубител на куглањето да даде парче душа на нашите куглари и сето она знаење и искуство берено низ годините несебично да го предаде на младите, истовремено и да корегира, да поттикни, да охрабри, да мотивира.

Убаво е да се види и восхитеноста за нашата работа и резултатите од постигнатото во овој краток временски период што уште повеќе дава тежина на овој проект во поглед на поставеноста и стручната подготовка. 

Сите очи денес беа вперени во исклучителниот Јован кој успеа да ја зачува својата концетрација и со секој кандидат да работи индивидуално што после долгиот пат итоа како беше напорно, но кугларите не само што тоа не го почувствуваа, туку напротив се работеше со тренинзите длабоко во ноќта а Керечки со насмевка го испрати и последниот куглар подеднакво посветувајќи им внимание и на оние одличните и на оние помалку добрите куглари.

Генералниот впечаток од првиот работен ден е дека КУГЛАМЕ и сме СРЕЌНИ е вирус кој се шири низ Балканскиот полуостров а овој концепт на работа ќе биде пренесен и во неколку земји од нашето опкружување. Најбитно, битолското куглање доби на квалитет, а присуството на искусниот српски куглар беше искористено и за подобрување на играта на дел од помладите куглари на Пелистер. 

Убаво е да се биде дел од оваа кугларска енергетска бомба која ја размрда Битола и даде еден нов импулс во размислувањето и работата на веќе постоечките куглари, а сите насочени кон подмладокот кој во овој момент покажува исклучителен талент. 

Кугламе и сме среќни продолжува и утре со Керечки! Сите термини си остануваат исти како денес.
































Share:

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор