Третата недела во знак на селекција на кандидатите

Третата недела кугланата беше исполнета со куглари од основните училишта од Битола и Новаци со кои веќе започнавме да работиме од самиот почеток.
Тренинзите беа позахтевни од претходно, а од кандидатите се очекуваше да можат да ги совладаат основните чекори и веќе куглите да не допираат до попречните ѕидови.
За прв пат се соочивме со разочарувања кај еден мал дел од кугларите кои не можеа да ја контролираат куглата. Кај дел од нив се јави и вообичаеното воспалување на мускули, кое беше дозирано преку тренинзите и помина незначително во однос на предвидените активности. Во оваа недела се направи и природна селекција во поглед на природниот интерес кон овој спорт.

Исто така оваа недела беше карактеристична по тоа што одредени куглари и кугларки отскокнаа од останатите и тоа веќе беше евидентно кај сите млади. За прв пат започнавме со некакви мерливи резултати, мини споредувања, ориентири. Желбата за натпреварување беше карактеристична посебно кај кандидатите кои беа приближно исти во поглед на совладувањето на кугларските техники. 


Значително го зголемивме времетраењето на тренингот, а веќе патеките беа растеретени и за прв пат секој куглар добиваше своја патека.

Генерално, многу важна недела за проектот. Вообичаено почетничките грешки во кугларската игра беа присутни, но и гестикулацијата на кугларите беше соодветна согласно самостојно увидените грешки што беше голем чекор за сите нив. 


Share:

Популарни постови

ПАРТНЕРИ

ПАРТНЕРИ
Општина Битола

Општина Новаци

Општина Могила

к.к. „Хераклеа“ - Битола

Пребарувај по клучен збор